Македонија со пораз од Романија сепак останува прва во групата

0

Македонската кошаркарска репрезентација е поразена на дуелот со Романија одигран во Плоешти. Конечниот резултат на оваа средба беше 65:53), но поради повисоката победа на првиот меѓусебен меч во Скопје, Македонија патува во квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2021 година.

Нашиата репрезентација не одигра на посакуваното ниво и не успеа да дојде до победа на оваа средба, а Романија доминираше и имаше предност во текот на целиот натпревар. Сепак поразот од 12 поени разлика не носи во наредната фаза, меѓу најдобрите 32 селекции во Европа.

По очајно прво полувреме или први две четвртини домашната селекција замина на одмор со предност од 34:29, а неефикасно се играше и во продолжението на оваа средба за на крајот да заврши со 65:53.Најдобар кај Македонија беше Дамјан Стојановски со 13 поени, а Војдан Стојановски постигна 12 поени, додека Хендрикс заврши со осум поени и девет скока.

Македонија како прва оди сигурно во наредната рунда, додека Романија е втора и ќе игра во третата претквалификациска рунда, во група во која ќе играат уште Словачка, Кипар или Велика Британија.

Share.

Leave A Reply