Македонската одбојкарска репрезентација загуби во дебитантскиот меч на европските првенства. На дуелот со Финска, избраниците на селекторот Матијашевиќ беа поразени со 3-1 (25-23, 25-22, 23-25, 25-21), во меч во кој имавме наши шанси, но и во првиот и во вториот сет дозволивме противникот со серија поени да дојде до сет-топки и предност.
Забележителна разлика во играта на нашата репрезентација даде влегувањето во игра на вториот техничар Филип Деспотовски, кој во третиот и четвртиот сет беше најдобриот поединец во нашиот тим.
Утре Македонија ја чека мечот од 2. коло против селекцијата на Турција, која исто како и ние, денеска загуби од Русија со 3:1.