Македонија со тројца боксери на Националниот Куп во Врбас 2019

0

Кадетската репрезентација на Македонија од денеска до недела ќе настапи на Националниот Куп во Врбас кој има меѓународен карактер од А категоријата.

Нашава земја ќе има тројца боксери: Илхан и Ајхан Озмен кои живеат  и тренираат во Германија и Ардијан Аземи,  кој годинава победи на престижниот турнир – „Емил Жечев“ во Бугарија а беше дел и од ЕП во Галати. Илхан Озмен ќе настапи во категоријата 60 кг, Ајхан Озмен во категоријата 66 кг. а Ардијан Аземи во категоријата +80 кг.

Улогата на тренери ќе ја имаат  Васко Цубалевски и Насер Харуни а во делегацијата е вклучен и националниот судија, Стефан Цубалевски.

 

 

Share.

Leave A Reply