Македонија со убедлива победа го започна патот до баражот за СП

0

Нашата женската ракометна репрезентација со убедлив триумф над Азербејџан од 41:22 ги започна квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2019 година.

Македонските ракометарки беа доминантни од првата до последната минута од натпреварот и во ниту еден момент од мечот не му дадоа на противникот да се понадева дека може да направи изненадување на оваа средба и буквално го прегазија противникот на терен во СЦ „Борис Трајковски“.

Победата беше решена уште по првите 10 минути кога Македонија дојде до предност од 9:4, а до крајот на првиот дел ја зголемуваше предноста која на одмор ги однесе со водство од 18:8.

Откако се беше решено во првиот дел, во второто пполувреме Македонија ја зголемуваше предноста која во еден момент беше и највисоки +20 гола разлика (37:17), за на крајот нашите ракометарки да слават со 41:22.

Најефикасна во Македонија беше Сара Ристовска со 11 гола, а понатаму следуваа Саздовска со пет, додека Ѓорѓиевска, Јанеска, Јовановска реализираа по четири гола.  Следниот натпревар за Македонија ќе биде утре од 18 часот против селекцијата на Исланд кој ќе биде многу потежок противник од Азербејџан, но патот до баражот води преку победи на сите средби во Скопје.

Share.

Leave A Reply