Македонија вечерва добива ракометен шампион, Вардар или Металург ?

0

Вечерва се решава прашањето за тоа кој ќе биде шампион на Македонија во ракомет. Вардар и Металург ќе играат во СЦ „Јане Сандански“, а само победа нема да им биде доволна на ракометарите на Вардар, бидејќи за одбрана на титулата потребно е да го совладаат тимот на Металург со најмалку 4 разлика. Но, тоа не би требало да биде дополнителен притисок за екипата која ја има најдобрата сезона во својата историја.

Тренерот Раул и неговите играчи ги надминаат сите зацртани целле оваа сезона и играате зрело, а тоа го покажаа со пласманот на Ф4 во Келн. Сепак тоа е нешто што го направија досега, а сега треба да го потврдат својот квалитет и на домашната сцена. Металург пред неколку години и Металург сега, секако дека има голема разлика, но сепак и овој состав на Металург успеа да му го нанесе поразот на Вардар кој ја стави оваа средба да биде решавачка во борба за титулата.

Оваа година Вардар и Металург одиграа два натпревари во СЕХА лигата и Вардар не поминуваше лесно иако оваа сезона беше супериорен во ова натпреварување. Еднаш победија со 25:24, а вториот пат со 31:29. Ова значи дека и за вечерва не може да очекуваме лесна победа на Вардар. Секако дека хендикеп за Вардар и тренерот Раул е тоа што имаше многу репрезентативци кои беа со своите селекции и имаше малку време за подготовка за овој натпревар, но квалитетот евидентно е на страната на домашната екипа.

Што се однесува до судењето кое често беше потенцирано кога овие две екипи се среќаваа во последните неколку средби, сепак треба да биде гаранција за добро судење тоа што ќе судат Николов и Начевски кои го добија и полуфиналето во Келн меѓу Веспрем и ПСЖ, па ова скопско дерби ќе им биде само добро загревање. Едно е сосема сигурно, дека Македонија вечерва ќе го добие ракометниот шампион и преставникот во Лигата на шампионите за следната сезона.

Share.

Leave A Reply