Македонија вечерва по нова победа на СП во Алжир

0

Младинската ракометна репрезентација на Македонија денес го продолжува својот настап на СП во Алжир. По вчерашниот ден за пауза и по остварената прва победа против Русија во првото коло, атмосферата во нашата репрезентација е на уште повисоко ниво и сега сите мисли се свртени кон следната средба која ја играат вечерва.

Буркина Фасо не би требало да биде селекција која може да биде проблем за Македонија, тоа се виде и на нивната прва средба која ја загубија од Тунис со 50:17. Сепак СП е натпреварувањ во кое не смее да има опуштање и мора нашите ракометари максимално мотивирано да влезат во оваа средба и да ги прокнижат планираните бодови. Само така може да се надеваат на висок пласман во групата „Ц“ каде сега имаат реални шанси да се борат за првите три позиции.

Натпреварот Македонија – Буркина Фасо ќе се игра вечерва од 21 часот. Претходно во нашата група ќе бидат одиграни уште два натпревари, од 17 часот играат Бразил и Тунис, а Русија игра против Шпанија од 19 часот. По првото коло Тунис, Шпанија и Македонија освоија бодови со победа против ривалите.

Share.

Leave A Reply