Македонија во третиот шешир пред ждребката за СП во Алжир

0

Утре, со почеток од 16.00 часот во канцелариите на ИХФ во Базел, ќе се одржи извлекувањето на групите за Светското младинско првенство што летово ќе се игра во Алжир.

Младинската репрезентација на Македонија, која до пласман на СП стигна по победата на квалификацискиот турнир во Скопје, на кој учествуваа уште и селекциите на Полска, Португалија и Турција, ќе ги очекува своите противници од третиот шешир. Во истиот шешир се наоѓаат уште селекциите на Фарски Острови, Катар и домаќинот Алжир, што значи дека избраниците на Илија Темелковски нема да можат да се сретнат со овие селекции во првата групна фаза.

Ќе бидат извлечени вкупно четири групи од по шест репрезентации, а според најавениот систем на натпреварување, најдобропласираните четири селекции од секоја група, минуваат во осминафиналната фаза. Останатите селекции ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место. Светското младинско првенство во Алжир ќе се игра во периодот од 18 до 30 јули 2017.

1 шешир: Франција, Шпанија, Германија, Хрватска
2 шешир: Тунис, Норвешка, Данска, Исланд
3 шешир: МАКЕДОНИЈА, Алжир, Фарски Острови, Катар
4 шешир: Унгарија, Египет, Саудиска Арабија, Бразил
5 шешир: Словенија, Брукина Фасо, Јужна Кореја, Аргентина
6 шешир: Русија, Мароко, Шведска, Чиле.

Share.

Leave A Reply