Македонија врза два пораза во квалификациите за ЕП

0

Нашата фудбалска репрезентација за само четири денови доживеа два пораза во трката за Евро-шампионатот во 2020 година. По петочниот пораз од Полска на Арената во Скопје, денеска на истата локација се радуваше селекцијата на Австрија која победи со убедливи 4 спрема1.

Иако Македонија поведе со автоголот на Хитерегер уште во 18-та минута, гостите не се откажаа и до крајот успеаа да направат пресврт со головите на Лазаро , Лајмер и Арнаутович (2). Во другите два меча во нашата група, Полска-Израел 4-0 и Летонија-Словенија 0:5.

На табелата Полска е лидер со максимални 12 бодови, Израел има 7, Австрија 6, Словенија 5, Македонија 4 и Летонија 0.

Share.

Leave A Reply