Македонија заедно со Словенија и Црна Гора кандидат за ЕП 2022 година

0

Ракометната федерација на Македонија и официјално ќе биде еден од кандидатите од заедничката кандидатура на нашата земја заедно со Словенија и Црна Гора за организација на ЕП  во ракомет за жени кое треба да се одржи во 2022 година.

На прес-конференцијата која беше одржана денес и официјално беше промовирана оваа кандидатира на Македонија, Словенија и Црна Гора кои со здружени сили ќе се обидат да дојдат до можноста да го организираат тоа Европско првенство.

РФМ во организацијата учествува со градот Скопје и СЦ „Борис Трајковски“ односно „ВИП Арената“ каде би се играле натпревари од групната фаза , но и некој од завршните натпревари.

На прес-конференцијата од страна на РФМ зборуваа претседателот Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски, а од страна на градот зборуваше првиот човек на Град Скопје Петре Шилегов.

 

Share.

Leave A Reply