Македонија загуби од Турција, сега нема право на кикс против БиХ

0

Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби од Турција со 1:3, по сетови (16:25, 25:18,18:25,12:25) во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство и сега ќе мора да ја бара шансата за настап на ЕП како второпласирана во нашата група.

Откако победија против Босна и Херцеговина, нашите одбојкари не успеаа да направат изненадување против фаворитот Турција и со тоа се ставија во ситуација да барата задолжителна победа на следниот натпревар со БиХ. Турција одлично го отвори првиот сет, направија убедлиива предност која Македонија константно ја бркаше, но не успеа да ја достигне и загуби со 16:25. Во вториот сет, нашиот национален тим одигна одлично, онака како што треба и дојде до изедначување со добиен сет со 25:18. Се чини дека третиот сет беше клучен, во него по поголема борба Турција славеше со 25:18 и само ја најави својата победа која ја потврдија со убедлива игра во четвртиот сет кој го добија со 25:12.

Најдобар кај Македонија беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 16 поени, заедно со Љафтов кој имаше исто така со 16 поени, додека кај Турција, Саваж завржи со 13 поени, пред Карасо со седум поени.

Следниот натпревар Македонија го игра утре од 18 часот против Босна и Херцеговина и нема право на кикс. За да не си го закомпликуваме патот кон Европско првенство ќе мора да го добиеме овој натпревар со чисти 3:0.

Share.

Leave A Reply