Македонија заминува на СП

0

Нашите најдобри ракометари со чартер-лет ќе заминат на Мундијалот во Египет. Селекторот Данило Брестовац се одлучи во нашата експедиција да бидат голманите: Никола Митревски, Мартин Томовски и Никола Даниловски.

Крилата: Димитар Димитриоски, Цветан Кузманоски, Мартин Поповски и Ненад Костески. Бековите: Филип Талески, Марко Мишевски, Дарко Георгиевски, Михајло Младеновиќ, Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Горан Крстевски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски и Мартин Серафимов. На пикерската позиција ќе ги имаме: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски.

Македонија во групата „Г“ која ќе се реализира во Каиро, првиот меч ќе го има утре од 20.30 часот против Шведска. В петок ќе играме со домаќинот Египет (18 часот) додека во последното коло ќе се сретнеме со Чиле (15.30).

Share.

Leave A Reply