Македонската кошарка загуби голем поддржувач, почина Енвер Малиќи

0

Рано изутрина, во 68. година од животот, почина Енвер Малиќи. Еден од најголемите поддржувачи на спортот во Македонија. Посебно со инвестирање на сопствени финансиски средства во кошарката, чиј интегрален дел беше во изминатите две децении.

Малиќи беше активен член од Управниот Одбор на кошаркарската федерација во последните две години, но и на почетокот на новото кошаркарско столеттие.

Енвер Малиќи беше почесен конзул на Мексико во нашата земја, угледен бизнисмен и заменик градоначалник на Скопје.

Share.

Leave A Reply