Македонските каратисти од денеска на Карате 1 Премиер Лигата во Дубаи

0

11 македонски каратисти денеска ги почнуваат настапите на вториот турнир на Карате 1 Премиер Лигата во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.

Од овој турнир стартуваат и Емил Павлов и Жарко Арсовски кои на премиерното изднаие во Париз не настапија. Покрај нив ќе настпат и Фери Исиќ и Пуликсенија Јованоска во кати, Берат Јакупи, Ангела Мојсовска, Петар Спасеновски, Моника Стефановска, Наташа Стефановска, Симона Заборска и Петар Заборски во борби.

Натпреварите ќе траат до недела со учество на 594 каратисти од целиот свет.

Премиер лигата во Дубаи е последна проверка за нашите сениори пред Европското првенство кое оваа година се одржува од 25 до 29 март во Баку, Азербејџан.

Share.

Leave A Reply