Македонските младински кошаркарски лиги ќе бидат поддржани од Триглав осигурување

0

Македонската кошаркарска федерација и Триглав Осигурување денес ја официјализираа својата ппонатамошна соработка. Долгогодишните партнери го потврдија тоа, со потпишување на нов договор за соработка и го објавија на прес-конференција.

Првата „благодарница“ дојде од првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ, кој потенцираше дека Ѓорѓе Војновиќ бил неговиот ментор, дури и повеќе од тоа.

„Можам да кажам дека Ѓорѓе Војновиќ беше мојот идол уште од мал, дека беше вистински ментор во мојата кариера“– истакна Антиќ како вовед во прес-конференцијата со која се потврди соработката КФМ со оваа компанија

Спортскиот директор на КФМ, Тодор Гечевски истакна:
 „Почнуваме од најважниот сегмент на општественото живеење – младите. Во овој случај со клубовите во младинските категории на натпреварување. Како општествено одговорни чувствувавме потреба за реализација на еден заеднички проект со Триглав Осигурување. Замисла со која сакаме да ја подигнеме свеста кај луѓето. Да се залагаме за она што се вели здрава младина и едно поздраво, поубаво општество. Ова е само првиот чекор во реализација на плановите на нашата федерација“ истакна Гечевски.

Во има не Триглав Осигурување, се обрати Главниот извршен директор Ѓорѓе Војновиќ:
“Триглав е компанија којашто секогаш се стреми да обезбеди висок квалитет, сигурна иднина и позитивно искуство за своите клиенти. Убедени сме дека секоја успешна компанија треба да биде инкорпорирана и да му помага на општеството во коешто делува. Свесни сме за важноста на инвестирањето во националниот спорт и што тоа значи за  неговиот развој, особено кога тоа ги вклучува младите категории и децата. Вистинска привилегија е да бидеме дел од активностите на младинската кошаркарска лига, затоа што токму тука се градат вистинските навики, се создава квалитетот, тука лежи иднината на кошарката и спортот воопшто. Се надеваме дека со нашата поддршка ќе придонесеме кон што подобри услови за работа на клубовите и постигнување на што подобри резултати”– изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

Share.

Leave A Reply