Македонските одбојкари заминаа за Софија, утре и задутре нови контроли со Бугарија

0

Со Филип Деспотовски во составот и повторно без услугите на Филип Маџунков, македонската одбојкарска репрезентација ќе ги одигра двата натпревари во Софија против Бугарија, последни пред квалификациите за Европското првенство. Минатата недела во Скопје, во рамки на 44. издание на турнирот „Чајка“, Бугарија беше подобра со 3:2 и со 3:1, иако ние водевме

со 2:0 во првиот и со 1:0 во вториот меч, а во споредба со тие соочувања, Македонија сега ќе биде посилна за техничарот Деспотовски, кој неодамна се приклучи на подготовките на нашиот национален тим. Со оглед дека сме дефицитарни на позицијата среден блокер, стручниот штаб не сака да ризикува со коленото на Маџунков, па нема да смета на него ниту за гостинскиот двомеч со Бугарија. Тоа значи дека во македонскиот репрезентативен табор ќе има само една промена во однос на составот од првите два натпревари, а тоа е Деспотовски на местото на Ефтим Ричлиев.

Македонските одбојкари денеска ќе одржат еден тренинг во салата „Христо Ботев“, а пријателските натпревари со Бугарија се закажани за утре од 16 и за задутре од 15 часот. Потоа репрезентацијата ќе се врати во Скопје каде што ќе

ја финализира формата пред квалификациските натпревари против Турција и против Босна и Херцеговина од 11-до 16-ти јануари во арената „Борис Трајковски“. Првото место сигурно значи пласман на континенталниот шампионат во септември во Полска, Чешка, Естонија и Финска, но реална шанса постои и со второто, затоа што учество во елитата ќе обезбедат и најдобрите пет од второпласираните селекции во седумте групи.

Share.

Leave A Reply