Македонските пливачи имаа плоден викенд на силниот пливачки турнир „11 Април Гран При“ кој се одржа викендов во Белград. Миа Крстевска исплива со време од 2:21.33 и го освои златниот медал, постави државен рекорд и исполни норма за Европското младинско првенство и Младинската Олимпијада 2018.
Покрај Миа, одличен настап имаше и Иван Симоновски кој го освои златниот медал во 100 метри пеперутка со време од 57:65.
Стефан Цветковски освои медал во дисциплината 100 метри делфин, а воедно и постави нов национален македонски рекорд во дисциплината 50 метри делфин со време 28,18 секунди. Јана Милковска успеа да се избори за финале во дисциплината 50 метри делфин и освои трето место, второ место во дициплината 100 метри делфин и второ место во дисциплината 200 метри делфин.