Македонските тенисери ќе атакуваат на нови бодови

0

Нашите најдобри тенисери на АТП и ВТА листите, Томислав Јотовски и Лина Ѓорческа во текот на работнава седмица ги очекуваат настапите на новите турнир.

Томислав Јотовски претрпе пораз на стартот во Анталија и тоа од Бразилецот Тијаго Вилд, кој победи во двата сета со идентични 6 спрема 4. Јотовски сега го очекува настапот во двојки заедно со Украинецот, Вадим Алексенко. Тие ќе играат против првите носители, Криштоф Негриту од Германија и Владимир Узуловски од Украина. Лина Ѓорческа пак, на стартот на турнирот во Швајцарија во улога на четврта носителка, ќе игра против Романката, Кристина Дину додека на турнирот во двојки заедно со Алекандрина Најденова од Бугарија ќе го скокнат првото коло.

Лина Ѓорческа на стартот на турнирот во Швајцарија во улога на четврта носителка ќе игра против Романката, Кристина Дину додека на турнирот во двојки заедно со Алекандрина Најденова од Бугарија ќе го скокнат првото коло.

Share.

Leave A Reply