Макпетрол најдобар на државното карате првенство

0

Викендов во Штип се одржа државното карате првенство за сениори и сениорки, во поединечна и во екипна конкуренција во дисциплините борби (кумите) и кати. На првенството со свои спортисти учествуваа 27 клубови од целата држава.

Во генералниот пласман, првото место му припадна на КК Макпетрол од Скопје. „Нафташите“ успеаја да освојат вкупно 9 медали од кои 4 златни, 3 сребрени и 2 бронзени одличја.

Второто место му припадна на КК Штип, додека трет остана Металург од Скопје.

Share.

Leave A Reply