Формула 1 тимот на Ред Бул со својот возач, Макс Верстапен, ќе ја имаат пол позицијата на трката за ГН на Унгарија која се вози утре на патеката „Хунгароринг“ во близина на Будимпешта.
Холанѓанецот успеа да ги надмудри големите конкуренти и фаворити оваа сезона, Валтери Ботас и Луис Хамилтон од Мерцедес и да ја освои својата прва пол-позиција годинава и воопшто прва во кариерата. Макс Верстапен стана 100-от возач во Формула 1 кој дошол до пол позиција.
Валтери Ботас ќе стартува од второто место, Хамилтон е од вториот ред, односно од третата позиција, додека четвртото и петтото место им припадна на дуото на Ферари, Чарлс Леклерк и Себастијан Фетел.
Трката за ГН на Унгарија се вози утре, а стартот е закажан за во 15:10 часот.