Малага со „мотив“ за Реал да биде шампион

0

Реал Мадрид ќе плати 1 милион евра на Малага, ако стане шампион. Причината не се некакви задкулисни игри, се работи за точка од договорот на играчот Иско, кој направи трансфер од Малага во Реал Мадрид во 2013 година.

Реал прифатил да плаќа бонус од 1 милион евра на Малага за секоја освоена титула со учество на играчот до 2018 година. Интересно е дека Реал игра токму со Малага во последното коло на 21 мај, а во моментов води со 3 поени пред шампионот Барселона.

Очекувањата се дека Реал ќе стигне до титулата со победа над Малага. Од Малага веќе најавија дека ќе се радуваат доколку Барселона не го освои трофејот.

 

Share.

Leave A Reply