Новото засилување на Лос Анџелес Лејкерс, Демаркус Казнс, нема да добие шанса да заигра во почетокот на новата НБА сезона откако заработи тешка повреда на вкрстените лигаментите.
Станува збор за една од најтешките повреди кај спортистите која треба да се санира во навистина долг период нешто слично како и повредата на ахиловата тетива. Новиот играч на „езерџиите“ се повредил на индивидуалните подготовки во Лас Вегас и сега ќе треба да паузира најмалку седум месеци.
„Повредите се составен дел од спортот, но, тука зборуваме за човек кој мора да се бори со двете најтешки повреди за еден кошаркар, Ахиловата тетива и предните вкрстени лигаменти на коленото и тоа во последниве две-три години. Тоа е тежок удар за него и за Лејкерси“ – изјави неговиот поранешен тренер Стив Кер.