Бразилецот, Малком, кој во последен миг ја „извиси“ италијанската Рома и се определи да стави потпис на договорот со Барселона, изјави, дека полека му се исполнува сонот да заигра во голем состав. Тој во последното интервју посочи дека ќе даде се од себе за да ја оправда довербата.
„Ова е уникатно искуство и многу сум среќен. Дојдов во најдобриот клуб на светот и се надевам дека ќе ги направам среќни нашите навивачи. Среќен сум и ќе направам се за да им помогнам на соиграчите“ вели Малком.
„Тешко може да се опише како се чувствувам. Ми се исполни сонот од детството“ – изјави Бразилецот за клупската телевизија.