Малком не е задоволен од минутажата во Барса

0

Новото засилување за Барселона, Малком, не е задоволен од доверба која кон него ја има тренерот Ернесто Валверде. Бразилецот кој меѓу Рома и Барса го избра шпанскиот гигант, вели дека очекувал да добие поголема минутажа во тимот.

Досега Малком поминал само 25 минути на теренот за својот нов тим и тоа просто го разочара. Агентот на фудбвалерот изјави дека Бразилецот не е задоволен од ситуацијата:

„Ова е ситуација која тешко може да се опише. На сите фудбалери им треба време да се прилагодат. Малком имаше доволно време да го направи тоа и заслужува да добие доволно минути на теренот. Тој сè уште не ја доби својата шанса“, изјавил агентот на фудбалерот.

Share.

Leave A Reply