Главниот тренер на Денвер Нагетс, Мајк Малон, потенцира дека легендарниот, Мајкл Џордан, е убедливо најдобриот кошаркар во историјата на НБА лигата.
„Дебатата за најголемиот играч во историјата секогаш ќе трае. Мајкл е очигледно најголемиот на сите времиња иако и Леброн Џејмс е исто така вклучен во дебатата“ – рече 48-годишниот специјалист.
„Леброн го нема победничкиот менталитет на Мајкл кој имаше и убиствен инстинкт и тоа го покажуваше на секој натпревар“ – потенцира тренерот на Денвер.