Мамаду Сако засилување за Кристал Палас

0

Во последен момент пред затворањето на трансфер пазарот за оваа зима, Кристал Палас успеа да го привлече дефанзивецот на Ливерпул Мамаду Сако.

26-годишниот дефанзивец, кој беше во немилост кај Јирген Клоп, ќе игра во дресот на Кристал Палас на позајмица до крајот на сезоната.

Сако одигра 80 натпревари за Ливерпул по трансферот од ПСЖ во 2013 година. Со ПСЖ тој ги освоил сите можни награди во Франција, а во сезоната 2010/11 беше избран во идеалниот тим на годината.
За репрезентацијата на Франција дефанзивецот има настап на 28 натпревари.

Share.

Leave A Reply