Манасков: мора да играме ангажирано 60 минути

0

Нашиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков, потенцира дека победата против Словенија на стартот на ЕП во Хрватска има големо значење за натамошниот тек на шампионатот.

„Секогаш е тешко на стартот на европското првенство. Притисокот за сите е голем. Ние започнавме лошо, промашивме многу шанси но, тоа го корегиравме во вториот дел“ вели Манасков.

„Успеав да се подобрам во вториот дел и да помогнам на екипата. Не смееме да се опуштиме против Црна Гора. Треба да одиграме тимски за да освоиме нови бодови“  нагласи нашето крило.

Share.

Leave A Reply