Манасков: „Најважно е што победивме, сега почнуваме да мислиме на Бахреин“

0

Македонија ја победи Јапонија со 38:29, а еден од најефикасните во редовите на нашата репрезентација беше крилото Дејан Манасков кој постигна 7 гола на оваа средба.

Бевме фаворити пред овој натпревар, успеавме да победиме, со ова треба да бидеме задоволни, има некои работи да ги поправиме за во иднина. Секако дека сега е полесно, секој почеток е тежок и сега сме еден чекор понапред. Јапонија е селекција која може да биде многу опасна ако ја потцените, ние  влеговме максимално со 100% респект спрема нив, а тоа се исплатеше на крај и заслужено победивме“ – вели Манасков.

„Во второ полувреме примивме многу голови во таа нивна транзиција, мислам дека треба побрзо да се менуваме, затоа што ако играме вака 7 на 6 мораме да правиме побрзи измени бидејќи поискусни екипи ќе не казнуваат. Што се однесува до Бахреин , немам информации, од вечерва ќе мислиме на нив“ – истакна Дејан Манасков.

 

Share.

Leave A Reply