Екипата на Манчестер Јунајтед е главниот фаворит за потписот на играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо.
Во текот на оваа сезона Кутињо ги бранеше боите на Баерн Минхен, но не успеа да ги убеди Баварците дека вреди да го откупат неговиот договор од шпанскиот гигант. Во исто време, Барселона нема намера да го задржи за следната сезона и сака веднаш да го продаде.
Според шпанските медиуми, нов фаворит за потписот на Кутињо е Манчестер Јунајтед. Бразилецот е потенцијален заменик на Пол Погба, ако Французинот сепак замине во текот на летото.