Манчестер Ј. е пред договор со Барселона за трансферот на Дембеле

0

Францускиот напаѓач од екипата на Барселона, Усман Дембеле, е близу до трансфер во Манчестер Јунајтед, тврди авторитетниот шпански весник АС.

Според весникот, англискиот клуб ќе плати меѓу 50 и 60 милиони евра за 23-годишниот фудбалер. Каталонскиот клуб може да ја потроши добиената сума за купување на холандскиот напаѓач од екипата на Лион, Мемфис Депај.

Дембеле се пресели во Барселона летото 2017 година од Борусија Дортмунд, но поради бројните повреди имаше малку настапи. Минатата сезона одигра само пет натпревари од Шпанското првенство од кои на само три имаше место во првиот тим.

Share.

Leave A Reply