Манчестер Ј. го вклучува Лук Шоу за да го добие Дени Роуз

0

Манчестер Јунајтед размислува да го вклучи Лук Шоу во предлогот за левиот бек на Тотенхем Дени Роуз, за ​​да стане понудата попривлечна за Тотенхем.

Според весникот „Сан“, лондонскиот менаџер Маурицио Почетино не е расположен да го ослободи овој фудбалер. Самиот Роуз, кој беше погоден од повреди во оваа сезона и дури беше надвор од комбинација во стартниот состав за сметка на Бен Дејвис, сака да го напушти Тотенхем.

Според медиумите на Островот Шоу исто така нема иднина на „Олд Трафорд” поради влошените односи со менаџерот на „црвените ѓаволи”, Жозе Мурињо.

Шоу и Почетино пак работеа заедно 18 месеци во Саутемптон, а самиот фудбалер не крие дека со задоволство би играл повторно во тим, предводен од Аргентинецот:

„Тој ме тераше да се чувствувам како најдобар. Се надевам дека еден ден повторно ќе можам да работам со него и да играм под бегово водство“ изјави Шоу. Според „Сан“, вкупната понудата за Роуз треба да биде околу  40 милиони фунти.

Share.

Leave A Reply