Манчестер Ј. не планира да плати повеќе од 50 милиони фунти за Санчо

0

Трансферот на Џејдон Санчо од Борусија (Дортмунд) во Манчестер Јунајтед се чини дека е далеку од реализација.

Причината за тоа е што клубот од „Олд Трафорд“ нема намера да плати повеќе од 50 милиони фунти за англискиот талент ова лето. Барем така тврди „Скај Спортс“, повикувајќи се на зборовите на „високи функционери на клубот“. Борусија Дортмунд сака двојно повеќе за една од нејзините најголеми sвезди во своите редови.

Вчера, извршниот директор на „жолто-црнците“ Ханс-Јоаким Вацке изрази уверување дека Санчо ќе остане, бидејќи никој во моментов не е подготвен да ја плати бараната сума за него. Сепак, клубот веќе објави дека натпреварите без публика предизвикале загуби од 45 милиони евра.

„Црвените ѓаволи“ се надеваат дека финансиските проблеми сè уште можат да ја натераат Борусија да ја намали цената на Санчо.

Share.

Leave A Reply