Манчестер Ј. подготвен да му ја даде култната „7-ка“ на Санчо

0

Манчестер Јунајтед е подготвен да му го понуди на Џејдон Санчо дресот со број седум, доколку заигра на „Олд Трафорд“. Црвените ѓаволи се натпреваруваат со неколку сериозни кандидати за потписот на младиот англиски репрезентативец, кој блеска во последните две сезони во дресот на германска Борусија (Д).

„Црвените ѓаволи“ имаат посебен статус за играчите кои го носат дресот со број седум, затоа што низ историјата со оваа бројка на грбот настапуваа дел од најголемите легенди на „Олд Трафорд“, како Кантона, Бекам и Кристијано Роналдо.

Share.

Leave A Reply