Манчестер Ј. подготви 72 милиони фунти за Милинковиќ-Савиќ

0

Манчестер Јунајтед подготвува понуда од 72 милиони фунти (80 милиони евра) за играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, вели „Скај Италија“.

Сепак претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, сака 90 милиони фунти за Србинот и нема намера да прифати пониска понуда. Играчот кој потпиша нов договор во октомври минатата година, би ја прифатил понудата на Манчестер Јунајтед, но нема да прави притисок за својот трансфер, додаде „Скај Италија“.

„Црвените ѓаволи” се интересираат за Милинковиќ-Савиќ повеќе од една година, а во моментов е еден од приоритетите на Оле Гунар Солскјер за ова лето. Норвежанецот сака најмалку двајца играчи од средниот ред, а доколку Пол Погба замине, можеби ќе биде потребен уште еден играч од средниот ред Клубот исто така преговара за Бруно Фернандес и Шон Лонгстаф, објавија британските медиуми.

Share.

Leave A Reply