Манчестер Ј. против ЛАСК, Интер со Хетафе, а Севиља со Рома во осминафиналето на ЛЕ

0

Две супер-интересни пресметки на италијански и шпански престваници ќе гледаме во осминафиналето на ЛЕ. Еден од најголемите фаворити за освојување на титулата во Лигата на Европа на УЕФА оваа сезона, англиски Манчестер Јунајтед, пак доби посакуван ривал во осминафиналето, по денешната ждрепка во Нион. „Црвените ѓаволи“ во двомечот за четврфинале ќе се сретнат со австриски ЛАСК, а првиот меч ќе го одиграат на гостински терен.

Најинтересниот дуел од оваа фаза во второто по ранг европско натпреварување ќе биде меѓу Севиља и Рома. Вториот италијански преставник Интер на патот до четврфиналето за ривал ја има екипата на Хетафе во второто шпанско-италијанско дерби од ова осминафинале.

Првите осминафинални дуели се закажани за 12 март, додека реваншите ќе се одиграат седум дена подоцна.

Share.

Leave A Reply