Манчестер Јинајтед ќе му понуди нов договор на Мурињо

0

Раководството на Манчестер Јунајтед планира да му понуди на својот менаџер Жозе Мурињо нов пет годишен договор вреден 65 милиони фунти, пишува весникот „The Sun”.

Според изданието, платата на „специјалниот“ според новиот договор ќе остане иста, но за 54-годишниот Португалец се предвидени бонуси за освојување на трофеи и за висока позиција во Премиер лигата.

Во моментов Мурињо е еден од најдобро платените тренери во светот – тој добива по 250 000 фунти неделно. Раководството на Јунајтед е многу задоволно од нивната соработка со Мурињо и како тој го трансформира тимот. Новата зделка само ќе ја потврди големата доверба што челниците на тимот ја имаат кон својот менаџер.

Share.

Leave A Reply