Манчестер Јунајтед ги дефинира противниците за летната турнеја

0

Англискиот фудбалски состав Манчестер Јунајтед, потврди, дека ќе одигра пријателски дуел со  еден од неговите традиционални ривали – Лидс, во рамките на летните подготовки догодина во Австралија.

„Црвените ѓаволи” ќе имаат два пријателски меча во кампот во Перт а едниот од нив ќе биде со локалниот состав Перт Глори на 13 јули. Средбата со Лидс пак, е предвидена за 17-ти во истиот месец. Манчестер Јунајтед и Лидс имаат старо ривалство познато на островот како – „Војна на розите”.

Откако Лидс испадна од Премиер лигата во 2004 година, двата тима се сретнале само двапати и тоа во Куповите на Англија. Во 2010 година, Лидс го победи Јунајтед со 1-0  додека во 2011 година, „Црвените ѓаволи“ славеа со 2 спрема 0.

Share.

Leave A Reply