Манчестер Јунајтед го сака Хисај од Наполи

0

Манчестер Јунајтед фрли око на албански дефанзивец. Станува збор за дефанзивецот на Наполи Елсејд Хисај, за кого „црвените ѓаволи” се подготвени да платат неверојатни 30 милиони евра, пишуваат медиумите во Италија.

22-годишниот фудбалер е дел од Наполи од 2015 година, кога клубот плати само 5 милиони евра на Емполи за неговите права. Играчот сепак брзо се адаптираше и влезе во првиот состав на тренерот Маурицио Сари и стана главен играч во одбраната на тимот.

Во оваа сезона тој има веќе одиграно 10 натпревари за Наполи, но сеуште не се има запошано во листата на стрелци.

 

Share.

Leave A Reply