Манчестер Јунајтед ќе загуби повеќе од кој било друг клуб во Премиер лигата доколку натпреварите во Премиер лигата 2020/2021 се одиграат без публика. Овие резултати од сопственото истражување ги објави „Телеграф“.
Доколку тимовите мораат да играат пред празни трибини, Манчестер Јунајтед ќе загуби 150 милиони евра. Исто така многу ќе загуби и лондонски Арсенал, кој според оваа пресметка ќе загуби 133 милиони евра. Ова е многу значајна загуба за „топџиите“, бидејќи приходите од билетите изнесуваа скоро една четвртина од сите приходи на клубот.
Првично беше планирано навивачите да се вратат на англиските стадиони на 1 октомври, но британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека поради вториот бран на ширење на коронавирусот, трибините на стадионите засега ќе останат празни.