Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Скот МекТоминеј, еден од најпостојаните играчи на „црвените ѓаволи“ од почетокот на сезоната.
Во моментот, младиот играч на Јунајтед добиваат по 30 000 фунти неделно, но клубот планира двојно да ја зголеми неговата плата. Шкотланѓанецот веќе потпиша нов договор во јануари годинава, но неговата одлична игра ќе ги промени условите од договорот во негова корист.
Новиот договор ќе биде до 2025 година со опција за дополнителни 12 месеци. Сè ќе биде јасно на почетокот на 2020-та. Година. МекТомонеј досега има 18 натпревари за Манчестер Јунајтед од почетокот на сезоната.