Манчестер Јунајтед има намера да го продолжи со договорот со играчот од средниот ред Хуан Мата. Според „ESPN“, „црвените ѓаволи” веќе му дале понуда на 31-годишниот Шпански фудбалер.
Тековниот договор на Мата истекува на 30-ти јуни. Офанзивниот играч од средниот ред тврди дека клубови од Шпанија и Италија се интересираат за неговите услуги. Тој се пресели на „Олд Трафорд“ во 2014 година. Со овој тим Мата ја освои Лигата на Европа, Купот и Супер Купот на Англија и Англиската Лига.
Оваа сезона Мата одира 32 натпревари за Манчестер Јунајтед, постигна 6 гола и имаше 2 асистенции.