Најавуваниот трансфер на Сократис од Борусија (Дортмунд) во Арсенал може да пропадне, бидејќи интерес за фудбалерот покажал и Манчестер Јунајтед, тврдат медиумите во Германија.
Грчкиот репрезентативец не се договори со својот клуб за нов договор и ќе се продава ова лето. Веќе неколку недели се веруваше дека сé е договорено за негова преселба на „Емирати“, но сето ова беше планирано пред Унаи Емери да дојде како менаџер.
Новиот менаџер не бил расположен за овој трансфер иако преставници на Арсенал претходно имаа состаноци на „Сигнал Идуна Парк“ и покажаа интерес за овој играч. Но, сега Жозе Мурињо се надева дека ќе може да го убеди дефанзивецот да го засили неговиот тим.
Сумата која се споменува како доволна за да се реализира целата зделка е околу 20 милиони евра, што е реална ако се земат во предвид особините на Сократис.