Манчестер Сити заинтересиран за дефанзивец на Лестер Сити

0

Манчестер Сити го следи со големо внимание настапот на дефанзивецот на Лестер, Чалар Сојунџу, пренесува „Сандеј тајмс“.

Турскиот фудбалер импресионира со својот настап од почетокот на сезоната во дресот на Лестер Сити и има голем придонес за одличниот настап на тимот, кој се наоѓа на 2-то место на табелата во Премиер лигата.

„Граѓаните“ дефинитивно треба да ја засилат конкуренцијата во центарот на одбраната и веруваат дека 23-годишниот фудбалер би можел да се вклопи одлично во нивните редови. Сепак, за да го земат Сојунџу во својот состав, Манчестер Сити ќе мора многу да плати.

Се проценува дека Лестер Сити нема да го ослободи својот фудбалер за помалку од 80 милиони фунти, колкуи што добија од Манчестер Јунајтед за Хари Мегуаер.

Share.

Leave A Reply