Манчини: Го проучувавме Вардар, има добра одбрана

0

Во пресрет на утрешната пресметка во Скопје со македонскиот шампион Вардар, вечерва прес-конференција одржа екипата на Зенит. Италијанскиот стратег Роберто Манчини пред новинарите ги истакна високите амбиции на тимот и очекувањата од утрешниот меч.

„Сите играчи кои дојдоа во Скопје се подготгвени да играат и да се надигруваат. Го проучувавме Вардар и знам дека не чека тежок меч. Знаеме дека Вардар има добра одбрана. Нашите последни два меча без голови не ме загрижуваат. И покрај тоа што не играме Лига на шампиони, амбициите се исти, одиме на победи“, изјави Манчини, пред новинарите.

Веднаш по прес-конференцијата рускиот тим го започна и својот вечерен тренинг на Националната арена „Филип Втори“, каде утре од 21.05 часот ќе се одигра мечот од 1. Коло на ЛЕ.

Share.

Leave A Reply