Манчини ќе ги повика Буфон и Де Роси за да одиграат последен репрезентативен натпревар

0

Селекторот на Италија Роберто Манчини размислува да испрати повик до ветеранот Џанлуиџи Буфон за претстојните квалификации за Еуро 2020 со Грција и Лихтенштајн.

На една од овие средби 41-годишниот голман би имал можност да го одигра проштален натпревар во националниот дрес. Ова се очекуваше да се случи во пријателскиот натпревар со Холандија во Торино минатата година, но тогаш Буфон реши да замине во „пензија“ и да направи простор за неговите помлади колеги. Последниот натпревар на Буфон во националниот дрес беше дуелот со Шведска во ноември 2017 година од плеј-офот на Светското првенство во 2018 година.

Буфон се врати во Јувентус во текот на летото, но сега има статус на резерва на Војчех Шчесни. Тој досега има одиграно 176 натпревари со дресот на Италија, па сега може и официјално да се збогува со репрезентацијата во една од претстојните квалификациски натпревари, заедно со уште еден ветеран, Даниеле де Роси, за кого се очекува исто така да биде повикан од Манчини.

Share.

Leave A Reply