Манчини сака да биде селектор на Италија

0

Фудбалскиот тренер, Роберто Манчини, кој имаше блескави моменти на клупата на Интер и Манчестер Сити, јавно објави дека е заинтересиран да го преземе кормилото на фудбалската репрезентација на Италија.

Стратегот на Зенит потенцирал дека има голема желба да ја освои светската титула како предвидник на „аѕурите“. Познато е дека по отказот на Џампјеро Вентура во изминатиот ноември по неуспехот во квалификациите за Мундијалот во Русија, селекторското столче кај италијанците остана празно.

Иако се шпекулираше дека таму ќе седне, Карло Анчелоти, италијанскиот стратег објасни дека не е заинтересиран.

Share.

Leave A Reply