Мандалиниќ: клубот се стреми кон големи цели

0

Репрезентативецот на Хрватска, Стипе Мандалиниќ, официјално ја продолжи соработка со нашиот ракометен состав Еурофарм Пелистер. Левиот бек кој одработи шест месеци во Битола, вели дека е задоволен од постигнатото.

„Мојот впечаток е многу позитивен. Градот е мал, но, има душа и живее за спортот, посебно за ракометот. Среќен сум во Битола, затоа ја договоривме соработката за наредната сезона. Клубот се стреми за големи цели почнувајќи од тренерот и стручниот штаб“ – вели Маналиниќ кој се насочи и кон наредните предизвици и отсуството на навивачите.


„Ќе има многу натпревари, но,не ме плаши збиениот календар бидејќи играв во Бундеслигата каде што се играат три натпревари неделно. За навивачите на Пелистер сум слушал претходно, гледав и неколку натпревари на Интернет, минатата сезона против Веспрем и Мешков Брест и тоа е навистина атмосфера која ти дава „ветер во грб“. Таква публика со таков ентузијазам посебно ќе ни недостига на големите натпревари“ – вели ракометарот на Еурофарм Пелистер

Share.

Leave A Reply