Напаѓачот на Ливерпул Садио Мане се надева дека ќе стане легенда на клубот.
„Сакам да станам легенда на Ливерпул и на целиот англиски фудбал. Ова е една од моите цели. Ќе дадам се од себе да освојам трофеи со тимот”, рече Мане.
Сенегалец го постигна првиот гол за Ливерпул за победата со 4:1 како гостин кај Порто во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони.
„Беше тешко, но со тимски дух ја завршивме нашата работа. Ако треба да бидам искрен, кога го постигнав голот мислев дека сум во офсајд. И се изненадив од одлуката на судијата да го признае погодокот. Сега треба да се сконцентрираме веќе на следниот натпревар кој не очекува во Премиер лигата. Во недела не чека гостување во Кардиф, за нас сега секој натпревар е важен и како да е финале”, изјави Садио Мане.