Мареј чека одобрение од организаторите

0

Британскиот тенисер, Енди Мареј, е изложен на ризик да го пропушти Австралија опен поради инфекција со коронавирус.Тестот кој го помина  пред неколку дена даде позитивен резултат.

Поранешниот прв рекет на светот сè уште има шанси да учествува на првиот Грен Слем во 2021 година доколку австралискиот медицински тим даде зелено светло.

Тенисерот ќе може да пристигне на Зелениот континент подоцна од другите учесници а неговиот карантин може да трае речиси до самиот почеток на турнирот за кој доби вајлд-карта од организаторите.

Share.

Leave A Reply