Мареј ги определи фаворитите за – „Вимблдон“

0

Британскиот тенисер, Енди Мареј, кој се рехабилитира по операцијата на колкот и ќе мора да го пропушти Отвореното првенство на Англија, вели дека Ѓоковиќ, Надал и Федерер, ќе бидат главните фаворити за победничкиот пехар на терените на –„Вимблдон“.

„Мислам дека ќе победи еден од нив. Можеби некои тенисери што имаат добар сервис можат да влезат во серија, но, на крајот ќе пресуди искуството“ – потенцираше Британецот.

32-годишниот Мареј кој е двократен шампион на Грен Слем турнирот во Лондон, прво ја израдува домашната јавност во 2013 година а успехот го повтори и три години подоцна.

 

Share.

Leave A Reply