Мареј го освои Лондон, останува Број 1

0

Во финалниот натпревар од завршниот тениски Мастерс Куп во Лондон, Енди Мареј забележа голема победа против Новак Ѓоковиќ со 2:0 (6-3, 6-4). Со оваа победа, 29-годишниот Енди Мареј и официјално ја заврши оваа година како светски рекет број 1.

За првпат во историјата на тенисот последниот меч одлучуваше, кој ќе заврши како првопласиран на АТП листата. Првиот сет кој траеше 46 минути му припадна на Енди Мареј со 6:3. Додека во вториот сет се играше многу подобар тенис од двајцата тенисери, Мареј поведе со 4:1, но Ѓоковиќ успе ада дојде до намалување на резултатот на 5:4. Мареј сепак одигра одично во завршните моменти и успеа да ја искористи својата четврта меч топка и да победи со 6:4 во вториот сет.

Во текот на оваа сезона двајцата тенисери одиграа пет меѓусебни дуели, а Ѓоковиќ доби три. Досега во нивната кариера Ѓоковиќ е многу поуспешен со 2 победи и 11 порази против Мареј, но сепак оваа сезона ќе ја заврши зад Мареј.

Share.

Leave A Reply